Кузмановски: Имаше тактички промени, но селекторот е тој кој одлучува како ќе играме

Македонија славеше против Србија со 37-31 во првиот тест натпревар во рамките на подготовките за Светското првенство во Германија и во Данска.

Неизбежно, мора да постои задоволство во репрезентативниот табор по изданието против Србите иако и самите репрезентативци се свесни дека мора да постои и желба и за поправање на одредени недостатоци кои се појавија во играта.

„Ова е сепак само пријателски натпревари на кој беа тестирани и одредени тактички варијанти. Мислам дека беше добро како за прв наш натпревар на овој подготвителен собир, но секако мора да поправиме и одредени грешки пред првиот меч на Светското првенство против Јапонија. Имаше и извесни тактички промени во играта, но селекторот е тој кој одлучува како ќе играме во Германија. Ние сме тука да ги исполнуваме задачите“ – истакна по триумфот над Србија, Филип Кузмановски.

Утре двете репрезентации ќе одиграат уште еден пријателски натпревар кој ќе биде од затворен тип – без присуство на публика.

Се вчитува...