Кузмановски: Нема враќање, главата горе, одиме понатаму

ЕКИПА во Виена,

Стеван Цаневски

Филип Кузмановски е еден од ракометарите кои најмногу потрфрлија на шампионатот. Репрезентативниот бек и покрај слабата партија вели дека ќе се бори за минутажа во Магдебург, како би можел во продолжение да напредува во својата игра.

„Главата горе. Враќање назад нема. На почетокот на кариерата за репрезентацијата. Јас сум во клуб што се бори за висок пласман ов Бундеслигата, нормално секој бара резултати. Сега ќе се посветам на себе, морам да напредувам“, изјави Кузмановски. 

Македонија го забележа најлошиот пласман на големите натпреварувања во последните десет години.

Се вчитува...