Кузмановски: Немаме што да загубиме, да излеземе на терен со ладни глави

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Поразот од Црна Гора значеше и автоматско уривање на атмосферата во националниот тим што се градеше од самиот старт на подготовките и доаѓањето во Дебрецин.

Мечот со Данска делува однапред загубен, а на ракометарите е да најдат начин да се кренат психолошки и достојно да му се спротивстават на големиот фаворит.

„Нема што да загубиме со Данска, Да покажеме што и како сме се подготвувале. Треба да излеземе со ладни глави, да изиграме како прво за себе, борбено. Се обидуваме да играме некој нов систем, брз ракомет со многу ротации. Навистина не знам што е со тие технички грешки“, изјави Филип Кузмановски во пресрет на овој натпревар.

Се вчитува...