Во рамки на ЕХФ неделата нашата сениорска селекција ќе оддигра двомеч против селекцијата на Словенија. Нашата сениорска репрзентација првиот натпревар ќе го оддигра во СЦ „Борис Трајковски“ на 12.03. 2025 година со почеток во 20.00 часот, а потоа на 16.03. 2025 ќе гостува во Словенија, а натпреварот ќе се оддигра во Копер со почеток во 18.30 часот.
На првиот собир пред ЕХФ неделата говореше и капитенот Филип Кузмановски…
„Сите знаеме со какви играчи располага Словенија. Играме на домашен терен и дополнителна мотивација ќе биде полната сала. Покажавме дека Македонија и народот верува во оваа млада и борбена екипа. Тоа го покажавме и на СП во Хрватска. Имам чувство дека се уште сме на првенството кое ни донесе голема самодоверба. Очекувам истата борба да ја покажеме и на двомечот со Словенија. Верувам во нас и сакам победа на домашен терен против Словенија. Пораснавме како играчи после СП. Долго време сме заедно и многу добро се познаваме. Хрватска нека биде во минатото, а ние да гледаме во иднината која мислам дека е светла. Имаме три дена добро да ги анализираме. Стручниот штаб ќе ни помогне во тоа да се подготвиме најдобро што можеме“, изјави Кузмановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА