Кузмановски: Ова е победа за Миркуловски

Победа за Миркуловски. Вака го окарактеризира натпреварот со Чешка македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски.

Тој искажа благодарност и до публиката, која според него била фантастична и рече дека е подготвен да ја превземе одговорноста од постарите, и да ги продолжи, како што кажа, чекорите на Филип Миркуловски.

„Публиката беше нашиот осми играч, не знам кога последен пат сум играл пред ваква пувлика. Ова е победа за Миркуловски, за нашиот претседател и за целата држава. Секако ќе ја превземеме одговорноста од постарите. Да ги продолжиме чекорите на Миркуловски, тој најдобро покажа како се игра во македонската репрезентација“, рече Кузмановски.

Се вчитува...