Кузмановски перфектен во победата на Хановер

Македонскиот репрезентативец Филип Кумзновски и неговиот Хановер ставија крај на серијата од четири порази во низа во Бундеслигата откако славеа на гостувањето против Ерланген со 31-35.

Македонецот натпреварот го заврши со перфектни „пет од пет“ со што имаше големо влијание за само втората победа на својот тим во германското првенство.

Влез во победничка серија Хановер и Кузмановски ќе имаат на следниот натпревар од првенството во кој ќе се сретнат со „фенерџијата“ Минден.

Се вчитува...