Кузмановски повторно одличен, Миркуловски славеше над Пешевски

Филип Кузмановски врза два одлични настапи во серија во Бундес-лигата, откако македонскиот репрезентативец беше меѓу најдобрите во таборот на Хановер и на денешниот дуел со Балинген. Екипата на Хановер не успеа да слави на домашен терен (25-29), но Кузмановски беше одличен во дресот на овој тим, постигнувајќи пет гола, надополнети со четири асистенции до соиграчите.

Филип Миркуловски со Вецлар рутински триумфираше со 30-25 на мечот против Штутгарт, чии бои ги брани Жарко Пешевски. На одмор се замина со само еден гол предност за Вецлар (12-11), за домаќините потоа да заиграат многу подобро во нападот во вторите 30 минути, да се одлепат резултатски и да стигнат до заслужен триумф.

Миркуловски учествуваше со еден гол од еден обид во триумфот на својот тим, а еднаш прецизен (од два обиди) на спротивната страна беше и Пешевски.

Се вчитува...