Најдобриот македонски ракомет во моментов, Филип Кузмановски, е подготвен за почетокот на новата, кратка авантура во кариерата откако замина за Кувајт и ќе настапува за Кувајт клуб на претстојниот шампионат на Азија.
Трендот најдобрите азиски клубови да пазарат во Европа со краткорочни договори токму за ова натпреварување продолжи и годинава, Кузмановски доби понуда што не се одбива и по завршувањето на обврските кон Е. Пелистер замина за Кувајт.
Тој веќе се приклучи на новиот клуб каде за соиграч ќе го има Црногорецот Владан Липовина и се очекува да биде лидер на бековската линија заедно со катарскиот репрезентативец Марзо.
Кувајт клуб ќе биде дел од групата Б на азискиот шампионат каде Кузмановски за противник ќе го има поранешниот македонски селектор Данило Брестовац со Ал Араби од Катар, како и екипите на Ал Калеј од С. Арабија и Ал Наџма од Бахреин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
