Кузмановски: Се виде колку на терен недостасуваат Манасков, Маркоски, Лазаров, Стоилов…

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Македонската ракометна репрезентација по двата порази од Словенија и од Црна Гора е без шанса за пласман во следната рунда натпреварите од ЕП 2022.

Не е никаква тајна разочараноста меѓу сите поединци во националните редови. Тоа го потврдува и Филип Кузмановски, кој ден по поразот од Црногорците вели дека отсуството на некои клучни играчи си го направило своето.

„Некако се чувствувам уморно и разочарано. По мечот со Словенија рековме дека имаме техники и треба да ги поправиме. Факт е дека со доаѓањето на Кире имавме добри резултати и игри, ако се исклучи овој последниот вчерашен меч. Но, факт е дека тука дојдовме и со проблеми со повреди на играчи кои се многу важни за нас. Ги немаме Манасков и Маркоски, а Стоилов не можеше да игра бидејќи беше позитивен. На последниот тренинг се повреди и Лазаров, а отсуствуваше и Митревски. Јасно е дека пред нас има уште многу работи кои мора да ги поправиме, но млада репрезентација сме, ќе работиме напорно во иднина па времето ќе покаже што ќе се случува“ – вели Кузмановски.

Се вчитува...