Кузмановски: Сите знаат како се бориме за Македонија, утре ќе го покажеме тоа на терен

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Филип Кузмановски играше во одлична форма на последните натпревари во Бундес-лигата во дресот на Хановер, па се очекува експлозивниот бек да продолжи во ист ритам и на претстојните средби во репрезентативниот дрес.

Кузмановски, како и останатите македонски репрезентативци, фаворитската улога утре им ја препушта на Словенците, но и најавува дека Македонија ќе стори се за да стигне до позитивен резултат.

„Максимално сме подготвени. Добро се подготвуваме за првиот меч. Словенија е добра репрезентација, но мораме да бидеме фокусирани на нашата игра. Мора да одиграме за самите себе, па да видиме како ќе заврши натпреварот. Наша цел е пласман во вториот круг и доколку загубиме нема да падне нашиот морал ќе се бориме и понатаму. Во Словенија играат едни од најдобрите ракометари во светот. Знаеме колку ја сакаме Македонија и како се бориме за неа, а утре тоа ќе го покажеме и на терен“, изјави Кузмановски на денешната прес-конференција.

Се вчитува...