Кузмановски: Сите знаеме што значи ова дерби, изгинавме за победата

Филип Кузмановски како капитен на Еурофарм Пелистер ја предводеше својата екипа до голема победа против Вардар.
Кузмановски по мечот истакна дека е среќен за победата, и дека бил многу мотивиран. Исто така се заблагодари на навивачите.
„По подолг период се вратив во мојот матичен клуб, бев многу мотивиран и цело време мислев на ваквите дерби натпревари. Имавме среќа да отвориме во плеј-офот против Вардар 1961. Сите знаеме што значи ова дерби, среќен сум за победата и за мојата екипа. Изгинавме до остварување на целта, иако во првиот дел игравме во грч. Големо брагодарност до нашите навивачи, кои ни дадоа поддршка кога најмногу требаше. Оваа победа многу ни значи, знаеме што следи во плеј-офот и ќе одиме натпревар по натпервар. Нема опуштање, бидејќи овој плеј-оф е најдобар во последните години. Нема никого да потцениме. Ова е само еден голем чекор за клубот, градот, претседателот, навивачите“

Се вчитува...