Кузмановски со поддршка за ФК Пелистер: Сите заедно да ги поддржиме нашите фудбалски браќа

Спортска Битола викендов е во знак на фудбалот и клучниот предизвик што го очекува ФК Пелистер во борбата за задржување на прволигашкиот статус. Пред претстојниот бараж натпревар за опстанок, силна и гласна поддршка за фудбалерите пристигна од таборот РК Е. Пелистер.

Капитенот на битолчани и македонската репрезентација, Филип Кузмановски, испрати емотивна и мотивирачка порака до своите колеги од фудбалскиот клуб, повикувајќи на целосно градско обединување под зелено-белите бои.

„Нашето спортско семејство викендов пулсира со фудбалерите на Пелистер. Од името на РК Еурофарм Пелистер и мое лично име им испраќаме максимална поддршка и енергија на нашите фудбалски „браќа“ на бараж натпреварот за опстанок во недела. Сите сме ние Пелистер, викендов сите сме ФК Пелистер!“, истакна Кузмановски.

Се вчитува...