Кузнецова од Вардар се враќа во Ростов Дон

Левото крило на ЖРК Вардар, Полина Кузнаецова се враќа во Русија и од следната сезона ќе го носи дресот на Ростов Дон. Рускиот шампион кој е противник на Вардар во полуфиналето на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Будимпешта, денеска го официјализира трансферот на Кузњецова.

Во составот на Ростов Дон, Кузњецова ќе настапува заедно со нејзината помлада сестра Ана Вјахирева.

Руската репрезентативка во Вардар дојде минатата година и тоа беше нејзино прво интернационално искуство. Но, сагата во Вардар завршува на крајот на сезоната по одлуката на раководството да го распушти скапиот состав и да продолжи со млади домашни ракометарки.

Четири ракометарки од Вардар на крајот на сезоната заминуваат во ЧСМ Букурешт (Лекиќ, Радичевиќ, Цвијиќ и Лазовиќ), во Унгарија се селат Амандин Лејно, Андреа Пенезиќ, Татјана Хмирова и Андреа Кликовац, Александра Лакрабер се враќа во Франција, а македонската репрезентативка Сара Ристовска ќе ја продолжи кариерата во Крим.

Вардар на 12 и 13 мај последен пат во овој состав ќе настапи на ф4 турнирот во Будимпешта и ќе се обиде да ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Се вчитува...