Квадрадо ќе му ја отстапи „седумката“ од Јувентус на Кристијано Роналдо

Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо ја „збудале“ Италија со потписот за првакот Јувентус, а покрај фановите воодушевени се и неговите нови соиграчи. Колумбискиот интернационалец Хуан Квадрадо самиот одлучи да му го отстапи дресот со број „7“ на Роналдо.

Така, тој и во Јувентус ќе биде ЦР7. Португалецот изгради бренд со своите иницијали и „седумката“ која стана негов заштитен знак уште од периодот кога беше член на Манчестер јунајтед. Во редовите на Реал Мадрид, прво го носеше дресот со број „9“, но потоа ја доби „седумката“ која долг период беше сопственост на легендарниот Раул Гонзалес.

Се вчитува...