Фудбалерот на Јувентус Хуан Квадрадо, потполно се опорави од повредата на бутниот мускул и се приклучи на тренинзите на првиот тим. Колумбиецот во јануари ја санираше повредата и му беа потребни околу три месеци да се опорави.
Денес учествуваше во поголемиот дел од тренингот на „старата дама“, а од стручниот штаб велат дека Квадрадо ќе се врати на терените порано од очекуваното.
Назад во тимот се вратија и Марио Манџукиќ и Пауло Дибала од репрезентативни обврски, и двајцата ќе конкурираат за настап против Милан, дербито од Серија А закажано за претстојниот викенд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА