Квадрадо оди на операција, ќе паузира три месеци

Колумбискиот интернационалец од редовите на Јувентус, Хуан Квадрадо, најверојатно ќе мора да замине на операција за да ја санира повредата на препоните која го мачи веќе подолг период. Тоа значи дека ќе пропушти поголем дел до крајот на оваа сезона.

„Квадрадо беше на специјалист во Германија, кој даде две солуции. Едната е да замине на операција, а втората е да се лекува конзеративно. Треба самиот да одлучи, во консултација со лекарскиот тим на Јувентус“, објасни тренерот Масимилијано Алегри.

Италијанските медиуми тврдат дека Квадрадо сепак ќе мора да оди „под нож“, затоа што со втората опција и нема трајно да го реши проблемот.

Се вчитува...