На колумбискиот интернационалец Хуан Квадрадо денеска во Минхен му беше извршена операција на препоните, информира Јувентус на официјалниот клупски сајт. Тој се реши проблемот што го мачеше подолг период да го санира со хируршка интервенција што ја изврши д-р Улрике Мушавек.
Квадрадо по рехабилитацискиот процес се очекува за околу шест седмици да почне со лесни тренинзи, а проценката е дека би можел да се врати на терените за два месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА