Квадрадо: Секој ден учам нешто ново од Кристијано

Трансферот на Кристијано Роналдо е вистински потег повлечен од страна на управата на Јувентус, убеден е Хуан Квадрадо кој има само пофални зборови за својот нов соиграч. Колумбиецот експресно ја ослободи „седумката“ за Роналдо и важи за еден од најдобрите пријатели на Кристијано по неговата преселба на Апенинскиот полуостров.

„За мене е чест што го имам Роналдо за соиграч, тој е нормална личност, се изборил за се што освоил исклучиво со напорна работа. Сите добро знаат за каков професионалец станува збор, а јас секој ден учам нешто ново од него. Неговата желба за победа и остварување на целите, дури и откако освоил се што може да се освои, тоа е нешто неверојатно. Со него во тимот нормално е да атакуваме на трофеи во сите натпреварувања во кои учествуваме“ – изјавува Квадрадо.

Се вчитува...