КВАЛИФИКАЦИИ ЕВРО 2022: Данска убедлива со Романија, Турција го доби трилерот со Исланд

Ракометарките на Данска стигнаа до убедлив триумф на гостувањето кај Романија од 28-35 во натпревар од четвртото коло во квалификациите за пласман на Европското првенство 2022 година во кое еден од домаќините е и Македонија.

Дилемите околу победникот беа решени уште во првото полувреме по кое Данките направија позитива од плус шест 13-19. Во вториот дел го исконтролираа мечот и на крајот рутински го приведоа за конечни 28-35.

Во вториот меч од програмата во 17 часот, во голем трилер Турција славеше над Исланд со минимални 30-29.

 

 

 

Се вчитува...