КВАЛИФИКАЦИИ ЛШ: Минимална предност за Краснодар и Салцбург, Славија и Митјиланд ќе почнат од нула

Рускиот Краснодар со предност од 2-1 ќе патува на реванш дуелот во Грција против ПАОК. Грците подобро го отворија натпреварот. Во седмата минута беше досуден пенал кој не успеа да го искористи Пелкас, но шеснаесет минути подоцна успеа да се искупи за промашувањето па донесе водство од 0-1. Сепак, до крајот на првиот дел домаќините израмнија на 1-1, откако Клаесон во 39. минута успешно го реализираше ударот од белата точка. Во вториот дел Реми Кабелја во 70. минута ги постави конечните 2-1.

Салцбург успеа да стигне до истата победа, но на гостувањето кај Макаби Хаифа. Макаби Тел Авив поведе преку Битон во 9. минута. Големиот фаворит на полувреме успеа да се консолидира и со головите на Шобослаи од пенал во 49. и Окугава осум минути подоцна дојде до триумф пред реваншот во Австрија следната недела.

Во последниот меч од денешната понуда Славија Прага и Митјиланд одиграа без голови 0-0.

 

Се вчитува...