Квалификации за СП: Босанска „бомба“ за Русија, Хрватите шокирани во Холандија

Со денешните дуели од првото коло и официјално стартуваа контроверзните квалификации за СП 2019, во отсуство на бројните евролигашки ѕвезди со што се создадоа значителни проблеми за огромен дел од селекциите.

Најпријатно изненадување приреди БиХ, откако оваа селекција по голема битка славеше над Русија со резултат 81-76. Русите беа засилени со неколку кошаркари на ЦСКА кои добија зелено светло да помогнат на националниот тим, но сепак немаа лек за избраниците на Душко Вујошевиќ. кои се одлепија резултатски во последните четири минути и заслужено се радуваа на големиот триумф. Муса со 18 и Гордиќ со 16 поени беа херои на босанската репрезентација при оваа победа, додека најефикасен кај Русија беше Фридзон со 25 поени.

Хрватска, која исто така настапува со „реновиран состав“, беше непријатно изненадена на гостувањето против Холандија, губејќи со 68-61. Прв плејмејкер на „коцкестите“ беше Доминик Мавра од МЗТ Скопје, кој не постигна ниту еден поен и се вклопи во сивилото во играта во напад на својот тим, што резултираше со заслужен пораз.

Србија и без речиси сите ѕвезди, со селекција предводена од Радуљица и Мачван, рутински триумфираше на домашен терен над Австрија со 68-61, исто како и Шпанија, која како гостин лесно го скрши отпорот на Црна Гора за победа од 66-79.

Се вчитува...