Квеирош бесен: Удар со лакот е црвен картон, во правилата не пишува Меси или Роналдо

Иранците со храбра игра стигнаа до реми против Португалија, што сепак им беше недоволно за првпат во историјата да стигнат до втората рунда од еден светски шампионат. Карлос Квеирош по мечот беше бесен на арбитражата на Парагваецот Енрике Касерес, кој на десетина минути пред крајот немаше храброст да го исклучи Кристијано Роналдо, иако со ВАР-технологија го прегледуваше инцидентот кога португалскиот ас удри со лакотот еден ирански фудбалер.

„Не можам да поверувам. Ја запираш средбата за ВАР, и гледаш дека има удар со лакот. Лакот е црвен картон во правилата на оваа игра, во правилата не пишува дали е тоа Меси или Роналдо, само дека лакот е црвен картон. Не знам дали судијата се исплаши поради големината на Роналдо во фудбалскиот свет, но мислам дека заслужуваме да знаеме што се случи. Џани Инфантино беше голем поборник за ВАР-технологијата, сега првиот човек на ФИФА треба да ја крене раката, да признае дека згрешил и да го укине. Не можете да внесувате новини во фудбалот, а правилата да не важат подеднакво за сите“ – изјави Квеирош.

Се вчитува...