Шпанскиот прволигаш Севилја го претстави своето ново засилување, холандскиот репрезентативец Квинси Промес. Тој доаѓа од Спартак Москва каде ги мина претходните четири години, а за него Севилја плати 21 милиони евра.
Крилниот играч беше и на списокот на можни засилувања на Јирген Клоп во Ливерпул, но сепак одлучи да се пресели во Шпанија. Тој остана запаметен од раководството на Севилја, откако минатата сезона постигна два гола за Спартак Москва во триумфот од 5-1 против шпанскиот тим.
Промес одигра 115 натпревари за Спартак Москва во првенството на Русија и постигна 59 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА