Квист: Предност од 1-0 е многу, а може да биде и многу малку…

Вардар утре во Данска ќе го одигра реванш натпреварот против Копенхаген, во рамките на третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Избраниците на Гоце Седлоски се на прагот да испишат нова клупска историја, доколку го елиминираат данскиот првак. Но, домаќините немаат намера да се предадат така лесно, барем така најави капитенот Вилијам Квист на денешната средба со новинарите.

„Вардар има предност од првиот меч, 1-0. Знаете тоа е можеби многу голема предност, доколку умеат да ја задржат и во реваншот. Но, може да биде и многу мала, доколку ние успееме да одиграме според очекувањата. Ќе се трудиме максимално, имаме желба повторно да играме во групната фаза од Лигата на шампионите, и ќе сториме се што е во наш домен, за да ја анулираме негативата. Го анализиравме првиот натпревар, не сме среќни поради тоа наше издание, и сега ќе мораме да одиграме многу поофанзивно, да покажеме сила, цврстина и карактер. Се надевам дека ќе имаме и громогласна поддршка од нашите навивачи“, изјави капитенот на ФК Копенхаген, Вилијам Квист.

Копенхаген и Вардар реванш натпреварот од третото кквалификациско коло во Лигата на шампионите ќе го одиграат утре, со почеток во 20 часот, на „Паркен“ стадионот.

Се вчитува...