Квитова експресно до четвртфинале на Ролан Горас

Чешката тенисерка Петра Квитова на убедлив начин се пласираше во четвртфиналето на последниот грен-слем турнир сезонава, Ролан Гарос. Таа во осминафиналето ја елиминираше кинеската тенисерка Шуај Жанг со 2-0 по сетови 6-2 и 6-4.

За седмата носителка на турнирот ова е второ учество меѓу осумте најдобри на парискиот грен-слем, а последен пат во четвртфиналето беше во 2012 година кога преку Јарослава Шведова стигна и до полуфиналето каде беше елиминирана од шампионката Марија Шарапова.

Квитова во четвртфиналето ќе игра против подобрата од мечот меѓу Германката Лаура Зигемунд и шпанската тенисерка Паула Бадоса.

Се вчитува...