Квитова и Осака ќе се борат за титулата на Австралија Опен

Шампионката од УС Опен, Јапонката Наоми Осака, обезбеди второ последовно финале на грен-слем турнирите по полуфиналниот триумф над Каролина Плишкова на Австралија Опен. Таа стана првата Јапонка во опен ерата што обезбедила место во финалето на турнирот во Мелбурн. Осака го доби дуелот кој на „Род Лејвер Арена“ се играше со затворен покрив поради екстремните жештини во Австралија, со 2-1 во сетови.

Влезе сигурно во мечот, го доби воведниот сет со 6-2, потоа и го препушти вториот на Плишкова со 6-4, а во решавачкиот сет, за победата беше поуспешна со 6-4. Осака погоди 15 аса и имаше 56 винери во победата која ја води во финална пресметка со уште една Чехинка, Петра Квитова. Која и да биде победничка во финалниот дуел ќе биде новата број еден на ВТА листата.

 

Квитова забележа доминантна полуфинална победа од 2-0 во сетови над американското изненадување Данијел Колинс. Квитова се помачи само во првиот сет кој го доби во тај-брејк, во вториот сет не загуби ниту гем. Финалето е закажано за в сабота.

 

Се вчитува...