Квитова: Разговорот со Моника Селеш ми ја спаси кариерата

Петра Квитова јавно и се заблагодари на Моника Селеш за поддршката што ја добила од поранешната југословенска тенисерка по нападот со нож што за малку ќе и ја завршеше кариерата. Чешката тенисерка успеа да се врати, годинава во Мелбурн стигна и до финалето на Австралија опен, но но Квитова е убедена дека тоа немало да се случи ако не седнела на разговор со Селеш за време на ланското издание на Вимблдон.

И Селеш беше нападната со нож за време на турнир во Хамбург во 1993 година, а нејзиното искуство и помогнало на Квитова да ја надмине психолошката блокада.

„Се сретнавме со Моника Селеш и почнавме да разговараме за она што ни се случи. Беше многу добро да се сретнеш со некого што минал низ истото. Бев изненадена, што сака да разговара на таа тема, а за мене значеше толку многу, да ги слушнеш сите тие работи од некој што е легенда во мојот спорт. Тој разговор ми ја спаси кариерата и ми овозможи повторно да играм на највисоко ниво“ – открива Квитова.

Се вчитува...