Кyман му одговори на Пјаниќ: Едноставно не се вклопи во нашата игра

Миралем Пјаниќ пристигна во Барселона како големо засилување во битката за титули, но репрезентативецот на Босна и Херцеговина не успеа да наметне во тимот. Брзо го загуби своето место, а кариерата, бар за оваа сезона ќе ја продолжи во Бешикташ.

По заминувањето од каталонскиот тим, Пјаниќ го коментираше односот со холандскиот стратег Ронал Куман и изјави дека имал лоша комуникација со него, а сега тренерот на Барселона му одговори на играчот за врска.

„Ја разбирам неговата фрустрација, но во начинот на нашата игра, на нашата идеја за играње со топка и без неа, тој ги губеше двобоите со другите играчи за врска. Тоа е се. Му посакувам се најдобро. Беше комплицирано, но пробавме и видовме дека има други играчи кои се подобри од него“, изјави Куман.

Се вчитува...