Л’Екип: Зинедин Зидан на клупата на Манчестер јунајтед!

Англиските медиуми изминативе денови постојано се прашуваат што е тоа што го тера Жозе Мурињо ова лето постојано да се жали на се и сешто во и околу Манчестер јунајтед. Иако донесе сериозни засилувања, постојано го критикува раководството затоа што не издвојува доволно средства за фудбалери кои ги сака…

„Јас не би платил билет за да го гледам овој мој состав“ – изјави неодамна Мурињо во САД, каде Јунајтед беше на подготовки.

Оваа негова порака ја влоши и онака лошата ситуација во соблекувалната на „црвените ѓаволи“. А, Мурињо веќе сериозно е на пат да го напушти клубот.

Ако тоа се случи, според пишувањето на француски „Л’Екип“, Манчестер јунајтед веќе знае кого ќе донесе на клупата. На насловната своја страница носи информација дека Зинедин Зидан наскоро би можел да ја презема клупата на Јунајтед.

Зидан е без ангажман откако замина од Реал Мадрид веднаш по освојувањето на третата титула едноподруго во Лигата на шампионите.

Се вчитува...