Лазаров: Пласманот на ЕП е речиси сигурен, но сакаме прво место во групата

Македонската ракометна репрезентација со победа против Исланд, вечерва на домашен терен би го потврдила новото шесто учество на Еврпските првнества и би го продолжила континуитетот настапи на големите натпреварувања што е особено важно во период на трансформација и најава за посериозна генерациска смена во националниот тим.

Македонската репрезентација по три одиграни натпревари е на лидерската позиција на табелата во квалфикациската група. Има четири бода, идентично како и Исланд, но и победа во првиот од меѓусебните дуели. Ако успеат да слават повторно, македонските репрезентаивци ќе го потврдат местото меѓу најдобрите на контиентот, но потоа ќе ја бркаат и првата позиција на табелата која носи поповолен стар во извлекувањто на групите на Европското првенство.

„Не очекува потежок натпревар од тој во Исланд, бидејќи таму бевме без притисок, тука ќе имаме притисок. Завршивме голема работа на тој натпревар, речиси сме сигурни на Европското првенство. Ни се отвора шанса да завршиме први во група што ни дава можност да бидеме подобро рангирани во ждрепката“ – вели капитенот Кирил Лазаров. 

Лазаров се надева дека домашниот терен и силната поддршка од навивачите ќе биде мотив а не притисок за малдите играчи.

„Има добра амтосфера во репрезентацијата, немавме многу време да работиме бидејќи патот до Исланд и назад беше долг. Очекувам полна сала, се надевам на младите дека полната сала нема да им биде притисок, туку ќе им даде дополнителен мотив да ги покажат нивните квалитети“.

Лазаров не смета дека е потребно однапред да се калкулира со можните измени на составот на националниот тим во последните две кола против Турција и против Грција во случај на евентулна победа против Исланд и на вториот натпревар

„Неблагодарно е да се говори што би било, кога би било. Прво треба фокусот да биде на денешниот натпревар. Кога ќе заврши натпреварот, тогаш ќе размислуваме за било каква комбинација за останатите два натпревари против Турција и Грција“ – вели капитенот.

Со победата против Исланд во Рејкјавик, македонската репрезентација ја поправи штетата што беше направена со неочекуваниот пораз од Грција во претходниот квалифкациски термин.

Се вчитува...