ЛА Клиперс подобри од Далас, Денвер очаен против Јута… (ВИДЕО)

ЛА Клиперс синоќа славеа против Далас со 130-122 поведувајќи со 2-1 во серија од НБА плеј-оф разигрувањето, а победа запиша и Јута која го декласираше Денвер со 124-87.

Клиперс и Маверикс одиграа уште еден одличен меч, на крајот со победа на тимот од Лос Анѓелес кој до победата го водеше Каваи Леонард со 36 поени, девет скока и осум асистенции. Кај Далас се истакна Порзингис со 34 поени и 13 скока, додека Лука Дончиќ заврши со „трипл-дабл“ од 13 поени, 10 асистенции и 10 скока.

Јута запиша неверојатна победа против Денвер, па дојде до пресврт од 2-1 во серијата. Мечот беше готов уште по првото полувреме кога Јута стигна до речиси 30 поени разлика.

Кај Јута се истакна Конли со 27 поени, додека Гоберт дополни со 24 поени. Кај Денвер најефикасен беше Никола Јокиќ со 15 поени.

Бостон дојде до триумф од 102-94 против Филаделфија па поведе со 3-0 во серијата, и е на чекор од вториот круг во Источната конференција.

Се вчитува...