ЛА Лејкерс и Индијана ќе играат во финалето на НБА Купот – Леброн за историја! (ВИДЕО)

ЛА Лејкерс и Индијана ќе играат за трофејот во НБА Купот во првата сезона на ова натпреварување, по победите над Њу Орлеанс односно Милвоки.

„Езерџиите“ во Лас Вегас славеа против Њу Орлеанс со 133-89, а Индијана во далеку поинтересен дуел го победија Милвоки со 128-119.

Мечот меѓу Лејкерс и Њу Орлеанс комплетно го одбележа еден од најголемите играчи на сите времиња, Леброн Џејмс кој за само 22 минути имаше импресивен ефект од 30 поени, 8 асистенции и пет скока.

Неверојатниот Џејмс кој на 30. декември ќе наполни 39 години, на тој начин стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој за помалку од 23 минути на паркетот постигнал повеќе од 30 поени, и повеќе од пет скока и пет асистенции.

Во второто полуфинале, Индијана избори победа на крилјата на Тајрис Халибартон кој беше феноменален со 27 поени, 15 асистенции и 7 скока. Кај Милвок не помогнаа ниту одличните Јанис Адетукомбо со 37 поени како и Лилард со 24 поени.

Се вчитува...