ЛА Лејкерс со пеколен план: Јанис во тандем со Дончиќ!

ЛА Лејкерс повторно доживеаја неуспех во плејофот, титулата засега делува далечно, а управата е подготвена да повлече нов сериозен потег за „езерџиите“ во новата сезона да атакуваат на големиот трофеј.

Леброн Џејмс се ште се нема изјаснето за иднината, големи се шансите дека суперѕвездата или ќе се пензионира или ќе се пресели во друг клуб, што им остава на лејкерси простор во буџетот за ангажман на нова суперѕвезда како соиграч на Лука Дончиќ. A клубот од Ел-Еј отсекогаш сонувал големи соништа, па решен е летово да тргне на се или ништо – во обид крај Дончиќ да го доведе Јанис Адетокумбо.

Грчкиот суперстар повеќе од една година не крие дека е несреќен во Милвоки, но сега и клубот веќе загуби трпение, па летово ќе ги слуша сите понуди за „трампа“ за Јанис. Лејкерси имаат свој адут во Остин Ривс, одличниот поентер кој е несреќен поради ниската плата што ја зема, кој би бил испратен во Милвоки заедно со уште двајца кошаркари од ротацијата, но и два пика од следните драфтови.

Челниците на Милвоки ќе ги почекаат и останатите понуди за Адетокумбо, но американските медиуми оценуваат дека ЛА Лејкерс се сериозен кандидат во оваа трка, со која би бил создаден нов супертандем во Лос Анџелес.

Се вчитува...