Шпанија го следи примерот на Англија, па откако Премиер-лигата пред неколку денови донесе одлука да не им дозволи на фудбалерите да играат за своите репрезентации во септемврискиот квалификациски прозорец поради пандемијата предизвикана од коронавирусот и строгите протоколи за заштита во Велика Британија, сега и Ла Лига ги спроведе истити мерки.
На фудбалерите кои настапуваат во Ла Лига не им е дозволено да играат само за репрезентациите од Јужна Америка. За Шпанците Ковид-19 не е толкав проблем, колку фактот што КОНМЕБОЛ го зголеми квалификацискиот прозорец за два дена повеќе.
Останатите фудбалски конфедерации, меѓу кои и УЕФА и КОНКАКАФ (Јужна и Северна Америка) имаат десетдневен прозорец и ќе се играат три квалификациски натпревари во септември и октомври.
Сепак, јужноамериканците ќе играат исто така три натпревари, но во период од 12 дена. Тоа сериозно ќе го наруши календарот на Ла Лига, поточно дел од клубовите нема да можат да сметаат на своите фудбалери од Јужна Америка, кога ќе почне новата рунда во Ла Лига.
Наскоро клубовите ќе имаат нов состанок со ФИФА и ќе продолжат разговорите да се изнајде ново решение.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА