„Ла Лига треба да биде над играчите, но во случајот на Меси тоа не е можно“

Една седмица по враќањето на Ли Лига, претседателот на најсилната шпанска фудбалска лига, Хавиер Тебас зборува за целиот систем на натпреварување кој ги подразбира строгите медицински протоколи за заштита од коронавирусот, за значењето на враќањето на фудбалот, но и за оспасноста од можно заминување на Лео Меси поради ударот на финансиската криза на шапнските клубови.

„Ќе ми се лутат малку во Реал Мадрид, но заминувањето на Кристијано Роналдо не се почувствува воопшто на Ла Лига, но со Лео Меси ќе биде поинаков случај. Тој е најдобриот фудбалер во историјата и ние сме среќни што е во нашата Лига. Неговото заминување ќе биде удар, особено ако оди во друга лига“ – вели Тебас.

Тој дополнува дека Аргентинецот е икона и оти би било најдобро да ја заврши кариерата во Шпанија. Но, сепак вели дека сепак одењето на Меси нема да биде катастрофа, но дека и  мора да се знае што тој му носи на натпреварувањето.

 

 

Се вчитува...