Лабуништа се засили со Јакимоски, Алими, Василев

За новата натпреварувачка сезона ФК Лабуништа веќе ги ангажираше и првите засилувања.

Крилниот офанзивец Михајло Јакимоски, кој доаѓа од Македонија ЃП а во својата кариера има настапи за Металург и исландски Фрам, Кренар Алими кој пристигна од екипата на Велење од Словенија, досегашниот член на Струга ТЛ, Александар Василев и младинскиот репрезентативец на Македонија, голманот Стефан Јакимоски кој пристигна од ФК Њу Старс од Скопје се првите засилувања за Лабуништа за новата сезона во Втората лига Запад. Второлигашот го врати и Миѓен Шерифи.

Претходно, како што е познато, Лабуништа ослободи од обврските десет фудбалери. Тимот кој минатава сезона играше и бараж за влез во прволигашкото друштво, се раздели со Никола Миновски, Благојче Коњарски, Антонио Стојкоски, Методија Милески, Меритон Мерко, Мирослав Јованоски, Мугни Опре, Аздрен Мена, Ермир Мура, како и долгогодишниот капитен и чувар на мрежата Раиф Мисерловски-Љаче.

Се вчитува...