„Ладниот“ Раиконен: Не е моја грешка, се запали зелено и тргнав

Механичарот што беше прегазен од Кими Раиконен се здобил со двојна скршеница на ногата, а финскиот возач дополнително го навлече бесот на јавноста одбивајќи да преземе било каква вина за инцидентот. „Ладниот Финец“ покажа колку навистина е „ладен“ откако вината ја посочи кај останатиот дел од тимот задолжен за менување на гумите.

„Јас само тргам кога ќе се запали зелено светло, не гледам што се случува зад мене. За жал тој се повреди, но моја работа е да тргнам кога ќе се промени бојата на светлото. Го сторив тоа“ – изјави Раиконен.

Се вчитува...