Одбојкарската репрезентација на Македонија денеска го доживеа вториот пораз на Европското првенство, откако во првиот меч на програмата загуби од Украина во три сета и тоа со 25:22,25:22,25:10.
Според еден од најискусните во македонската репрезентација, Александар Љафтов, пресудно за победата на Украинците беше нивниот сервис.
„ Ги загубивме првите два сета со мала разлика, но притисокот што го вршеа со сервисот на крајот беше пресуден. Во третиот сет целосно ја загубивме концентрацијата, особено откако Украина направи серија од шест или седум последователни сервиси. Мислам дека тоа беше клучниот момент“.
Одбојкарите во третото коло во групната фаза, в недела ги очекува дуел со главниот фаворит за златниот медал, селекцијата на Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
