Љафтов: Сите не отпишаа…, но ова е екипа, ова е семејство, ова е срце!

ЕКИПА во Љубљана,

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Александар Љафтов еден од најдобрите во македонскиот состав во големата победа против Словенија не можеше да го сокрие воодушевувањето од огромниот успех…

„Многумина не отпишаа уште пред тргнувањето за ова Европско првенство. Не отпишаа и по оние три порази на почетокот од првенството. Но, покажавме дека сме екипа, дека сме семејство кое има едно огромно срце. На почетокот од турнирот некако преимпресионирани се впуштивме во натпреварите и тоа ни носеше порази. Но сега го покажавме сиот свој квалитет. Благодарност до сите, а сега нема да ги спомнуваме оние кои не критикуваа“ – истакна Љафтов.

 

Се вчитува...