Селекторот на фудбалската репрезентација на Норвешка, Ларс Легербек, го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе смета за пријателскиот натпревар против Македонија, кој ќе се одигра на 14.ноември на арената „Филип Втори“. Тој на тестот во Скопје ќе му даде шанса и на младиот Мартин Одергард, фудбалерот на Херенвен кој е позајмен играч од Реал Мадрид, а потоа ќе го испрати да настапи и за младата селекција на оваа земја против Р. Ирска.
„Мортен Торсби ќе дебитира во А-тимот, а шанса ќе добие и Мартин Одегард на пријателскиот меч со Македонија. Потоа и двајцата ќе заминат да играат за селекцијата до 21 година на мечот против Р. Ирска. Така е најдобро за сите, мораме да имаме добра комуникација меѓу нашите две најдобри репрезентации. Очекувам да имаме добри тестови на формата против Македонија на 11.ноември и против Словачка на 14.ноември“, изјави Ларс Лагербек.
Тој објави список на 25 фудбалери на кои ќе смета за двата пријателски натпревари што претстојат следниот месец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА