Лахоз ќе биде главен судија на финалето во Лигата на шампионите

Шпанскиот судија Матео Лахоз е назначен за главен судија на финалето од годинашното издание во Лигата на шампионите во кое ќе се соочат големите англиски ривали Манчестер Сити и Челси.

Лахоз интернационалната кариера ја почна во 2011 година, а ова ќе биде прво големо финале за него. Сезонава шест пати беше на центарот во елитното натпреварување, а беше главен арбитар и на дуелот меѓу Баерн Минхен и Пари Сен Жермен.

Финалето во Лигата на Европа пак му припадна на францускиот судија Клемон Турпан.

Се вчитува...