Љајиќ со „сопка“ за Интер

Фудбалерите на Интер не ја искористија шансата да ја прескокнат Рома на третото место на табелата, откако „нероаѕурите“ неочекувано загубија со 1-0 на гостувањето во Торино.

Поразот е незаслужен ако се знае дека Интер беше подобар тим на теренот, создаде неколку одлични шанси, но не успеа да го совлада домашниот голман. Голот за победа беше дело на Адем Љајиќ, кој круниса една одлична акција со погодок, носејќи огромна радост меѓу домашните фанови.

Рафиња беше најблизу до израмнување за „нероаѕурите“, но ударот на бразилскиот интернационалец заврши во дирекот.

Се вчитува...