Лајпциг без клучен играч до крајот на сезоната

Лајпциг се соочи со неочекуван проблем откако победата од 0-5 над Мајнц беше скапо платена, со повреда на голгетерот Јусуф Поулсен. Данскиот интернационалец постигна еден гол во „петардата“ во Мајнц, но потоа се пожали на болка во скочниот зглоб и мораше да биде заменет.

Деталните лекарски прегледи донесоа лоша вест за тренерот Нагелсман, Поулсен има оштетување на лигаментите во зглобот, по што ќе следи пауза од неколку месеци.

„Нашиот голгетер има повреда на лигаментите на десниот скочен зглоб. Тој дефинитивно нема да може да се врати на терените до крајот на сезонава“, соопштија од медицинскиот тим на Лајпциг.

Екипата на Лајпциг моментно има три бода помалку од второпласираната Борусија Дортмунд, со шанса со триумф на утрешното гостување против Херта да ги стигне „милионерите“ на табелата.

Се вчитува...