Лајпциг е нов лидер во Бундес-лигата

Лајпциг лесно и убедливо триумфираше на гостувањето во Дизелдорф против Фортуна со 0-3, стигнувајќи до три бода со кои оваа екипа се искачи на врвот на табелата во Бундес-лигата.

Патрик Шик одлично се снајде во втората минута и донесе рано водство на фаворитот, по што печат на триумфот беше ставен во вториот дел, со пеналот на Вернер и со погодокот на Мукиеле.

Лајпциг сега има 33 бода, два повеќе од Борусија Менхенгладбах, екипа што утре го игра својот меч од 15. коло. Шампионот Баерн Минхен заостанува шест бода зад лидерот на табелата.

Се вчитува...