Лајпциг го чува Џулијан Нагелсман до 2023 година

Германскиот бундеслигаш Лајпциг потпиша нов договор со тренерот Џулијан Нагелсман, кој ќе го задржи младиот стратег во клубот до 2023 година. Раководството на Лајпциг сака да се заштити од можноста Нагелсман да се пресели во Милан од стартот на следната сезона.

„Потпишавме нов договор со Џулијан Нагелсман затоа што сакаме да ја осигураме иднината на тимот со него и да имаме континуитет на работата во клубот“, изјави спортскиот директор на Лајпциг, Маркус Кроше.

Џулијан Нагелсман се споменува како најсериозен кандидат за нов тренер на Милан за следната сезона, откако Ралф Рангник ќе стартува на функцијата спортски директор на „росонерите“’. Неговото име се поврзува и со Борусија Дортмунд, доколку Лусиен Фавр добие отказ. Сепак, Лајпциг успеа да обезбеди нов договор со талентираниот фудбалски стратег.

 

 

 

Се вчитува...