Лајпциг го „откачи“ Вернер, му порача да си бара нов клуб

Тимо Вернер е клупска легенда на Лајпциг. Овој играч даде многу за клубот, а потоа замина во Челси, но по само две сецони одново се врати во тимот каде што го мина најголемиот дел од кариерата.

Меѓутоа по враќањето, не се прослави. Германскиот репрезентативец мина надвор од терените цели 112 дена, или третина од годината. Оваа сезона одигра само 370 минути во сите натпреварувања, и постигна само два гола.

Како што пишува „Билд“, напаѓачот бил на разговор со челниците на клубот во измиантите неколку дена, и соопштено му е дека ќе се разгледаат опциите во јануари да биде позајмен на друг клуб, или да биде прораден, што наишло на одобрување и на самиот играч.

Вернер малку игра, Розе ги форсира Опенда, Пулсен и Шешка, а Вернер има амбиција да се најде на списокот на Германија на ЕВРО 2024, и затоа ќе му треба поголема минутажа.

Се вчитува...