Лајпциг го претстави Дани Олмо: Шпанецот потпиша договор до 2024 година

Лидерот на табелата во Бундес-лигата, тимот на Лајпциг, го доведе шпанскиот репрезентативец Дани Олмо како големо засилување за вториот дел од сезоната. Досегашниот фудбалер на Динамо Загреб потпиша договор до 2024 година, а хрватскиот клуб за него ќе заработи 25 милиони евра, плус дополнителни бонуси во зависност од постигнатите успеси со новиот клуб.

За Дани Олмо беа заинтересирани и Барселона, Манчестер Сити, Валенсија, Севилја, Милан, но тој сепак одлучи да замине во Бундес-лигата. Се очекува играчот за врска дебито да го има следната седмица кога Лајпциг ќе се сретне со Борусија Менхенгладбах.

Се вчитува...