Лајпциг го совлад Аугзбург и сам ќе одлучува за својата судбина (ВИДЕО)

Лајпциг сам ќе одлучува за својата судбина и пласман во Лигата на шампионите во последното коло од Бундеслигата, откако вечерва славеше на домашен терен со 4-0 над Аугзбург во 33. коло.

Домаќините го скршија отпорот на гостинскиот тим во 40. минута со голот на Андре Силва. Нкунку со два гола во 48. и 57. минута донесе водство од 3-0 за „биковите“, додека конечните 4-0 ги постави Форсберг во 64. минута од пенал.

 

 

Се вчитува...