Лајпциг губи здив во трката за титулата

Лајпциг се повеќе губи чекор во трката за титулата со Баерн Минхен откако тимот на тренерот Нагелсман денеска ремизираше со Волфсбург (0-0). По ремито на домашен терен против Баер Леверкузен минатиот викенд, фудбалерите на Лајпциг повторно загубија два значајни бода, па сега се на „минус два“ од баварскиот гигант, кој згора на тоа има и фудбалер помалку.

Баер Леверкузен одигра импресивно против Ајнтрахт, славејќи над гостите од Франкфурт со 4-0. Хаверц го отвори резултатот во 4. минута, десет минути подоцна на 2-0 зголеми Белараби, а печат на победата со два гола во второто полувреме остави Паулињо.

Шалке по голема битка ремизираше со Хофенхајм (1-1), а Фрајбург ја прекина серијата од два порази со триумф на домашен терен над Унион Берлин од 3-1. Интересно беше и во Берлин, каде Херта се врати од негатива од 0-2 и ремизираше против Вердер благодарение на погодоците на Штарк и на Куња.

Резултати Германија:

Баер Л. – Ајнтрахт 4-0, Херта – Вердер 2-2, Шалке – Хофенхајм 1-1, Фрајбург – У. Берлин 3-1, Волфсбург – Лајпциг 0-0.

Се вчитува...