Лајпциг ја најде замената за Тимо Вернер

Бундеслигашот Ред Бул Лајпциг ја најде замената за Тимо Вернер кој по крајот на сезона ќе премине во Челси. Германецот замина на „Стемфорд Бриџ“ за сума од 60 милиони евра, кои ќе се искористат за доведување на младиот еквадорски интернационалец и член на Спортинг Лисабон, Гонзало Плата.

Еквадорецот сезонава за португалскиот тим сезонава забележа 20 настапи во сите натпреварувања. Сепак, проблем би можело да биде тоа што Спортинг Лисабон за услугите на младиот фудбалер бара 45 милиони евра.

Покрај за услугите на Гонзало Плата од бундеслигашот се заинтересирани и за фудбалерот на Вердер Бремен, Милот Рашица, трансфер кој би бил далеку поевтин бидејќи клубот од Бремен веќе со едната нога е во Втората Бундеслига.

Се вчитува...